Coca-Cola го купи Costa coffee за 5,1 милијарда долари

46

Coca-Cola го купи познатиот бренд Costa coffee од британската фирма Whitbread за 5,1 милијарда долари, пишува BBC.

Whitbread, го купи ланецот на кафетерии во 1995-та за 24,5 милиони долари кога имаше само 39 продавници. Денес Costa coffee брои над 2.400 кафетерии во Велика Британија и околу 1.400 продажни места во 31 држава надвор од земјата.

Брендот, односно Costa Express има 8.237 вендинг машини во светот. Ланецот е најголем од овој тип во В. Британија, а втор по големина во светски рамки веднаш, зад Starbucks.

Бизниз зделката се очекува да биде комплетирана во првата половина од 2019 година.

Фото: Facebook