Coca-Cola HBC започна аквизиција на српски Bambi во вредност од 260 милиони евра

48

Фото: Facebook

Компанијата Coca-Cola HBC AG го започна процесот на аквизиција на кондиторската компанија Bambi од фондот Mid Europa Partners, во вредност од 260 милиони евра, пренесува Екапија.

“Оваа аквизиција претставува одлична прилика за создавање дополнителна вредност за нашата компанија, купувачите и акционерите. Во нашето портфолио на водечки брендови на пијалаци, ќе додадеме добро познати, комплементарни брендови, како и иновативни вештини и знаење. Ова дополнително ќе ја зајакне нашата релевантност на пазарот и односот со купувачите и ќе ни даде можност да го зголемиме своето присуство во клучни прилики за консумација, како што е почеток на денот, консумација во движење, ужина и освежување дома“, вели Зоран Богдановиќ, главен извршен директор на Coca-Cola HBC AG.

Bambi, основан 1967 година, е српски водечки производител на кондиторски производи. Меѓу брендовите на оваа компанија се: Bambi, Plazma, Wellnes, Zlatni Pek и Josh.