Coca – Cola инвестира во ПЕТ технологија

72

Фото: Pixabay

Компанијата Coca – Cola најави склучување на нов договор за продолжување на заемот на Ioniqa Technologies, фирма од Холандија, за да се поддржи развојот на нејзината заштитена технологија за производство на висококвалитетни пластични производи од пластичен отпад што тешко се рециклира, пишува Recycling today.

Договорот би требало да го забрза развојот и користењето на висококвалитетни рециклирани производи од пластика за шишињата што ги користи Coca – Cola.

Ова е дел од стратегијата на компанијата за градење на свет без отпад (world without waste). Целта е до 2030 година да се создадена амбалажа за којашто се користени минимум 50% рециклирани материјали.