Coca – Cola ќе инвестира во Србија, ја сели фабриката во Белград

12

sokovi

Компанијата Coca – Cola во Србија ќе инвестира 3,8 милиони евра во производни капацитети и капацитети за складирање, со цел да направи најсовремен погон за производство на сокови во Белград. Во рамките на промената во инфраструктурата на производство на сокови, активностите на фабриката Fresh&Co во Суботица ќе се интегрираат во новиот Центар за производство во Белград, јавува РТВ.

Се очекува целиот процес да биде завршен до крајот на 2015 година, а на сите вработени ќе им биде понудена можност да се пријават за новите работни места што ќе се отворат во Белград.

Центарот за производство на сокови во фабриката во Белград веќе има договорен извоз во Македонија, Црна Гора, БиХ, Словенија, Бугарија, Унгарија и Полска.

Coca – Cola од јануари 2006 година е сопственик на фабриката за овошни сокови Fresh&Co во Суботица, која произведува сокови под брендот Next.