Coca Cola лансира нов бренд во Франција, Finley

finleyГлобалната компанија Coca Cola вчера го претстави новиот бренд Finley, кој ќе се појави во април на пазарот во Франција. Новиот пијалок е нискокалоричен (20 калории на 100 мл) и доаѓа во три вкусови – портокал со брусница, лимон и грејпфрут и црвен портокал.

Со Finley, Coca Cola се надева дека ќе привлече млади луѓе кои не сакаат газирани пијалоци. Ова е најамбициозниот проект на компанијата по Coca Cola Zero во 2007 година.

“Со овој нов пијалок со црно лого, компанијата се надева дека ќе ги привлече луѓето на возраст меѓу 25 – 45 години, кои за време на паузите преферираат “лесни напитоци”, како кафе, чај или вода”, велат од компанијата, пишува Le Figaro.

Новиот негазиран пијалок Finley по Франција, постепено ќе се дистрибуира и на останатите пазари ширум светот.