Coca – Cola не се откажува од пластичните шишиња

72

Coca – Cola нема да ги исфрли од употреба пластичните шишиња за еднократна употреба, бидејќи потрошувачите ги сакаат, пишува ВВС.

“Потрошувачите ги сакаат пластичните шишиња бидејќи се практични, лесно се затвораат и се лесни“, вели Бе Перез, шефица за еколошка одржливост во Coca – Cola.

Овој гигант произведува околу три милиони тони пластична амбалажа годишно или 200.000 шишиња во минута.

Во текот на 2019-та година, хуманитарната организација Break Free from Plastic утврдила дека Coca – Cola е еден од најголемите производители на пластичен отпад.

Инаку, Coca – Cola се обврза дека до 2030-та година во својата амбалажа ќе користи најмалку 50% рециклиран материјал.

Фото: Pixabay