За купување на словенечкиот произведувач на минерална, изворска вода и сокови Раденска, според неофицијални извори, потенционално се заинтересирани Coca Cola Hellenic Bottling Company, Nestle и српски Нектар, пишува Seebiz.
Сопственикот на Раденска, Пивоварна Лашко, очекува компанијата да биде продадена во првата половина од следната година, а првите понуди ги очекуваат во ноември.
Претходно словенечките медиуми пишуваа дека интерес за купување на оваа компанија покажала чешката компанија Кофола.
Купопродажната цена што ќе ја добие Лашко со продажбата на оваа компанија, во голема мера зависи од разрешувањето на барањата за денационализација на имотот од некогашните сопственици на Раденска.