Cockta четврти најдобар пијалок според Financial Times

146

cockta

Екипата на британскиот Financial Times испробала 13 различни видови на “коли“, меѓу кои се најде и Cocka, која го освои високото четврто место во нивното тестирање, пренесува Вечерњи лист.

GT10002Пијалокот Coca Cola каков што го познаваме, во 19-от век во Америка во себе содржел елементи на кокаин. Неговата содржина сега е поинаква, а главни состојки се кофеинот, карамелата за боја, како и цитрусите и зачините за вкус. Главната состојка на која предупредуваат здравствените експерти е шеќерот кој во Coca Cola е застапен со 10%, поради што диеталните верзии стануваат се попопуларни.

“Нашата омилена е Cockta, увезена од Словенија, и нејзе ја ставивме на четврто место. Шармантен пијалок чија главна арома е шипката, и она што е необично, како што тврдат, е дека не содржи кофеин“, пишува Financial Times.

Тимот што ги тестираше различните вкусови утврди дека Cockta има силна нота на ванила и дека е и газирана и блага.

Оригиналната Coca Cola се најде на второто место, додека на лидерската позиција се најде Simply M&S Cola. Зад Coca Cola се најде Pepsi Max.

cockta-slovénie

Cockta порано беше словенечки брент се додека хрватската Атлантик група во 2010 година не ја презеде Дрога Колинска. Cockta за прв пат е произведена во 1952 година кога иноваторот Емерик Зелинка помеша плодови од шипка, витамин Ц, различни лековити растенија и карамелизиран шеќер. Поради таквиот коктел од состојки пијалокот го доби името – Cockta. За прв пат во јавноста беше преставена во 1953 година во Планица, а во првата година се произведени околу еден милион литри. Во првите 14 години од продажбата Cockta бележеше раст од 25% на годишно ниво. На почетокот на 80-тите години од минатиот век, Cockta достигна рекордна продажба од 37 милиони литри годишно.