Cocomi, маица што ги предупредува уморните возачи

18

cocomi

Фото: Toyobo

Јапонската компанија Toyobo во соработка со Union Tool дизајнираа маица со уред што идентификува електрични сигнали на срцето коишто укажуваат дека возачот е уморен. Кога возачот е изморен, маицата Cocomi ги идентификува биометриските податоци на корисникот и вклучува аларм којшто го предупредува дека треба да се одмори.

Предноста на Cocomi е тоа што е тенок (0,3mm), има висока прецизност, спроводливост и флексибилност. Уредот се движи природно со телото, без да ја попречува работата и движењето на корисникот, за разлика од други уреди коишто се големи, непријатни за носење и честопати неточни во нивните читања, пишува Japan Times.

Cocomi моментално се тестира во некои делови на Јапонија кај возачи на автобуси кои поминуваат многу часови зад воланот. Доколку тестирањето биде успешно, се очекува оваа маица да биде пуштена во употреба кон крајот на годинава.