CocoTerra е старт – ап од Пало Алто, Калифорнија, зад којшто стои серискиот претприемач Нејт Сал.
Сал, како што вели самиот, е креатор на првиот личен апарат којшто прави чоколадо од зрна какао во домашни услови. Производот е заедничка соработка на стартапот и партнерот за дизајн Ammunition, пишува CNBC.
Уредот за чоколадо доаѓа заедно со апликација којашто им дава совети на корисниците како да го направат чоколадото според желбите.
Уредот моментално е во финална фаза на тестирање, вели изумителот.
Обично се потребни најмалку 24 часа и низа скапи машини за да се направи цврсто чоколадо од зрна какао, а на “чоколадниот мајстор“ му се потребни само два часа.
Машината има специјален систем од нерѓосувачи челик за ситнење и оформување на чоколадите, коишто потоа подлежат на ладење, со што течното чоколадо добива цврста форма.
Фото: CocoTerra