Кафулето Coffee War, на Тајланд е осмислено за сите љубители на патувањата, кои поради пандемијата со коронавирусот се спречени да ги посетат омилените дестинации.
Направено е во внатрешноста на авион Airbus 300 и во него посетителите велат дека имаат чувство како вистина да патуваат. Во ова кафуле посетителите пијат кафе и ручаат во бизнис класа.
Во кафулето се влегува со авио билет, а единствен проблем е што не лета. За оваа идеја од стар авион да направи кафуле тамошен бизнисмен платил 250.000 евра.
Фото: YouTube Printscreen