Фото: Youtube
Јапонскиот производител на автомобили Toyota креираше концепт – уред за движење наречена Concept – i Walk, пишува TechCrunch. Дизајнот овозможува лесно ракување од страна на корисникот, со помош на еден џојстик и за навигација и за забрзување.
Concept-i Walk умее автоматски да предвиди и избегне судири. Кога ќе детектира опасност, преку своите вградени сензори, алармира и автоматски ги избегнува препреките на патот.
Нема потреба од прилагодување на тежината, како кој останатите слични уреди. Ова е овозможено благодарение на рачката за управување којашто е сместена во висина на стомакот на корисникот и нема потреба од дополнителен напор при возењето.
За да се движи Concept-i Walk корисникот треба само лесно да го мрда зглобот на раката, налево или надесно. Мини возилото има три тркала за стабилност при сопирање, а со едно полнење може да помине 19 километри.