Constellation, производителот на Corona, продава 30 брендови за 1,7 милијарди долари

25

Constellation Brands, гигантот што стои зад познатото пиво Corona, продава 30 свои брендови на вино и алкохолни пијалaци на винаријата E. & J. Gallo, по цена од 1,7 милијарди долари.

Од американската компанија велат дека целта на оваа зделка е фокусирање на останатите брендови коишто носат повеќе профит и што се популарни кај помладата генерација,пишува CNBC.

Зделката ги вклучува брендовите на Constellation, коишто се продаваат 11 долари од шише и помалку, како Clos du Bois, Ravenswood и Mark West. Од компанијата очекуваат договорот да биде финализиран на крајот на првото тромесечје од фискалната 2020 година.

Под нејзина “капа“ остануваат брендовите Robert Mondavi, Meiomi и Kim Crawford.

Фото: Pixabay