Германски Continental ја намалува активноста во неколку производни сектори бидејќи строгите правила за емисија на штетни гасови ја намалува побарувачката за делови за мотори со внатрешно согорување. Ова, како што наведува Reuters, ќе резултира со намалување на околу 5.040 работни места до 2028 година.
Компанијата, којашто вработува над 240.000 работници низ целиот свет, е погодена од падот на глобалната побарувачка за патнички автомобили и премин од дизел и бензин на електрични автомобили.
Од Continental наведуваат дека околу 520 работни места ќе бидат затворени откако во 2024 година ќе биде затворен погон на компанијата во германскиот град Родинг, каде што се произведуваат хидраулични компоненти за бензин и дизел мотори.
Фото: Pixabay