Мерцедес мора да штеди: Потфрли во Кина и САД

86

Со цел да се разбере сериозноста на ситуацијата и да се најдат решенија, бордот на директори на Мерцедес неодамна беше во посета на Кина, каде беа анализирани предизвиците и беа проценети развојните предности на конкурентите.

Според последниот квартален извештај, Mercedes забележа значителен пад на добивката. Оперативната добивка во основната дејност со патнички автомобили беше само 4,7% пред камати и даноци, додека една година претходно беше 12,4%.

Затоа, раководството е принудено да ги намали трошоците. Германскиот медиум Handelsblatt објави дека производителот на автомобили планира дополнителни мерки за штедење за покривање на загубите.

Мерцедес во 2020 година започна програма за намалување на трошоците со цел да ги намали фиксните трошоци за 20% до 2025 година во споредба со нивоата од 2019 година.

„Досега успеавме да ги намалиме трошоците за 15-16%, но тоа не е доволно во контекст на актуелните предизвици на кинескиот пазар“, изјави финансискиот директор на Мерцедес, Харалд Вилхелм.

За време на неодамнешната посета на Кина, менаџментот се фокусираше на анализа на локалниот пазар и технолошкиот развој.

Тие детално ги разгледаа возилата од кинеските конкуренти и забележаа технолошки напредок, особено во системите за помош на возачот и автономното возење.

Покрај тоа, Mercedes склучи договори со локални компании за соработка во развојот на интелигентни решенија за возачите.

Мерцедес се соочува со предизвици во обидот да ја зајакне својата позиција на кинескиот пазар на електрични автомобили.

Ако уделот на пазарот продолжи да се намалува, сегашните мерки за штедење и прилагодување може да бидат недоволни.

Слабата продажба во Кина, во комбинација со силната конкуренција од локалните производители, го принудуваат Mercedes на побрзи промени.

Ниту на американскиот пазар состојбата не е подобра, особено кога се во прашање електричните автомобили.