Continental се приклучува на платформа за развој на автономни возила

22

 

conti

Фото: Continental

Германската компанија Continental соопшти дека се приклучува на платформата за автономни возила што ја развиваат BMW, Intel и Mobileye, пишува Reuters. Светскиот производител на делови за автомобилска индустрија Continental соопшти дека ќе игра клучна улога во комерцијализација на оваа платформа.

“Ние можеме да ги исполниме големите барања во областа на автономното возење преку соработка, побрзо и со пониски трошоци, наместо самостојно да инвестираме во проекти”, вели извршниот директор на Continental, Елмар Дегенхарт.

Германскиот автомобилски гигант BMW минатата година ги здружија силите со американската софтверска компанија Intel и израелската компанија Mobileye, специјализирана за развој на системи базирани на визуелни податоци за подобрување на безбедноста во сообраќајот.