Истражувачи од Универзитетот Џон Хопкинс развија иновативен дрон којшто подеднакво добро се снаоѓа и во воздух и под вода.
Дронот може да се лансира од некоја подводна постојка или подморница и за неколку стотина метри самостојно да исплива на површината на водата и да полета.
Дронот го носи името CRANUS (corrosion resisant aerial covert unmanned nautical system). Изработен е од лесен, но и отпорен материјал. Во себе содржи водоотпорна комора, во којашто се содржани неговите главни компоненти, додека неговите ротори имаат посебен премаз што ги заштитува од ’рѓосување поради солената вода.
Овој дрон има широк распон на исполнување на различни мисии.