Credit Agricole ја продава филијалата во Бугарија

28

credit-agricoleФранцуската банка Credit Agricole објави дека се договорила со бугарската банка Corporate Commercial Bank да потпишат договор за продажба на својата бугарска филијала, пишува Ројтерс. Договорениот износ не е објавен.

Credit Agricole е втора по големина банка во Франција, а во последните две години значително го реструктуира работењето на глобално ниво, односно се повлече од скоро половина земји во кои беше присутна.

Банката во соопштението наведува дека со продажбата на бугарската филијала ќе го намали ризичниот имот за 160 милиони евра, а стапката на солвентност ќе падне за помалку од еден постотен бод.

Преземањето треба да го одобри бугарскиот регулатор за конкурентност на пазарот.

Corporate Commercial Bank е четврта банка по големина во Бугарија. На крајот на септември, од 30 банки што работат во Бугарија, подружницата на Credit Agricole беше рангирана на 21 место.