Credit Suisse ќе вложи три милијарди долари во приватни банки

50

Credit Suisse најави дека ќе излезе од бизнисот поврзан со инвестициските фондови и дека ќе ги пренасочи своите средства за управување со капиталот.

Credit Suisse ги прекина активностите на берзата по експлозијата во семејната канцеларија на Бил Хванг, што ја чинеше банката милијарди долари. Нејзиниот план е средствата во износ од три милијарди долари да ги насочи кон одредени банки.

Швајцарскиот заемодавач, ја поедноставува структурата со тоа што ја дели на четири постојани единици и една во која е групиран бизнисот поврзан со управувањето со капиталот, пишува Bloomberg.

Антонио Хорта Осарио, претседателот на одборот на директори на банката, последните шест месеци ги помина во ревизија на целокупниот бизнис на Групацијата по катастрофалната загуба од милијарди долари, што ја доведе банката во криза и предизвика промена на раководството.

Промените што ги воведе Хорта Осарио се првиот обид за ревитализација на бизнисот на оваа банка. Откако ја презеде улогата на претседател во одборот на директори, неговата работа е насочена кон реконструкција на одделението на Дирекцијата за ризици. Како што изјави Хорта Осарио, тоа е суштината на неговите постапки, што треба да укаже на важноста на одговорноста и компетентноста. Новата стратегија треба да доведе до стабилен раст, помали ризици и долгорочна вредност за сите клучни инвеститори.