Credit Suisse соочена со кривична пријава поради перење пари на кокаински картел

50

Швајцарски обвинител ја обвини втората по големина банка во земјата за неуспех во борбата против практиките за перење пари поврзани со дрога од страна на бугарски криминален синдикат.

Credit Suisse доби обвинение поради непреземање на сите организациски мерки што биле разумни и неопходни за да се спречи перење на имот што припаѓа и е под контрола на криминална организација, се вели во соопштението на швајцарското државно обвинителство.

Криминалниот картел, наводно основан од врвен бугарски борач, учествувал во меѓународна продажба на кокаин и големи перења пари. Готовина од трговијата со дрога, наводно била користена за купување недвижнини во Швајцарија и Бугарија.

Приходите биле пренасочени на банкарски сметки во Швајцарија контролирани од криминален картел од 2004 до 2007 година, според обвинителството. Постапките за отворање и следење на сметките на вработените и претпоставените во Credit Suisse не биле во согласност со важечките одредби за спречување на перење пари, како и со внатрешните директиви на банката.

Обвиненијата, поднесени против поранешниот менаџер на Credit Suisse и двајца членови на криминалната организација, следеа по 12 годишна истрага. Заемодавателот со седиште во Цирих ги негираше обвинувањата.

“Банката ги негира обвинувањата за наводни организациски недостатоци и има намера енергично да се брани“, соопштија од  Credit Suisse, додавајќи дека е убедена дека нејзиниот поранешен вработен е невин.

Фото: Freepik