Црна Гора: Блокирани сметки на преку 12.000 фирми

49

pari katanecВо Црна Гора, според податоците на Централната банка, на крајот на февруари се блокирани сметките на 12.390 претпријатија и бизнисмени, што е значително повеќе отколку во јануари.

Вкупниот износ на долгот врз основа на кој се блокирани сметките е околу 414,27 милиони евра, што пак е 3,75% помалку за разлика од јануари.

Десетте најголеми должници учествуваат со 23,26% во вкупниот износ блокирани редства, односно околу 96,36 милиони евра, соопшти црногорската Централна банка.