Црна Гора: Девет инвестиции за излез од кризата

21

crna goraКако и кога Црна Гора ќе излезе од економската криза ќе зависи од реализацијата на девет големи инвестиции, вредни 3,8 милијарди евра кои би требало да се завршат во следните пет години, стои во анализата на макроекономските движења што црногорската влада ја усвои вчера, пишува Вијести.

Некои од овие инвестиции се започнати (Порто Монтенегро, Луштица беј, Кумбор), за некои се познати инвеститорите, но се чека завршување на плановите и на имотните спорови (Плави хоризонт и подморски енергетски кабел за Италија), за еден проект тендерот е во тек (Втор блок Термоелектрана Пљевља), а три се споменуваат веќе со години, но се уште не е започната реализацијата (Бар-Бољаре, Котор – Ловќен, ТЕ Маоче).

Според очекувањата на Владата, овие инвестиции би отвориле 10.000 работни места и би имале оргомно влијание врз растот на економијата и на бруто домашниот производ.