Црна Гора доби дозвола за извоз на месо во Русија

20

mesoНа црногорските произведувачи на месо им е одобрен извоз на месо и месни производи на пазарите на Русија, Белорусија и Казахстан, соопшти црногорското Министерство за земјоделие и рурален развој.

Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола на Русија вклучи шест црногорски компании на листата претпријатија од трети земји на кои им е одобрен увоз на територијата на Царинскиот сојуз.

Министерот за земјоделство и рурален развој, Петар Ивановиќ, оцени дека овој успех е вреден за внимание, со оглед на тоа дека бројни компании од земјите челнки на Европската унија сакаат да извезуваат на големиот и атрактивен руски пазар.

Процедурата за добивање на дозвола за извоз Црна Гора ја започна пред три години, а на добивањето на согласност му претходеше дополнително усогласување на стандардите.