Црна Гора го намали бројот на работни дозволи за странци

28

Владата на Црна Гора одлучи да го намали бројот на работни дозволи за странци од 25.000 на 16.500 за да отвори простор за домашната работна сила.

Од тој број, како што наведува министерот за труд и социјална помош Суад Нумановиќ, се издвојува квота од 1.000 работни дозволи кои можат дополнително да се распределат за одредена намена во рамките на потребите на пазарот на труд.

Според намените, 14.700 работни дозволи се наменети за вработување на странци во рамките на кои е утврдена квота од 11.200 за сезонско вработување и 800 работни дозволи за прекугранични услуги. Најмногу од овие сезонски дозволи се однесуваат на вработувања во областа на туризмот и угостителството, 4.500, потоа 3.500 во градежништво, 1.200 во земјоделство и 2.000 за други работи.

“Сметаме дека за многу работи што сезонски ги извршуваат странци, постои простор за ангажирање на домашна работна сила, вели Нумановиќ. Тој додава дека сите земји во регионот при утврдување на квотата имаат рестриктивен пристап кон оваа политика.

“Во Хрватска бројот на работни дозволи е 3.300, во Македонија 3.000, а во Босна и Херцеговина меѓу 2.500 и 2.800 дозволи”, заклучува министерот.