Црна Гора го стопира издавањето работни дозволи за странци

29

cgЗаводот за вработување на Црна Гора го стопираше издавањето на нови работни дозволи за странци, затоа што квотата веќе во мај е надмината за преку 1.500 дозволи. Наместо планираните 6.208, Заводот до 5 мај издал 7.758 дозволи, пренесува РТЦГ повикувајќи се на Побједа.

Раководителот на Одделот за односи со јавноста и меѓународна соработка во Заводот, Данка Ќетковиќ, вели дека станува збор само за стопирање на дозволи што се бараат прв пат, а работодавците и понатаму ќе добиваат обновување на дозволите. Според Ќетковиќ, на бројот на дозволи влијаело тоа што работодавците побрзале со поднесување на барањата, поради стравот од новиот закон за вработување на странци кој ќе биде построг и со покомплицирани правила.

Преку 80% од издадените дозволи се за помошни работи што ги извршуваат неквалификувани работници во градежништвото, туризмот и трговијата. Најмногу странски работници доаѓаат од Србија – 43,93%, БиХ 21,08%, Русија 13,71% и Македонија 6,66%. Најмалку се барани луѓе со вишо и високо образование, само 5,5%.