Црна Гора го врати хрватското млеко во продавниците

48

mleko vindijaВо млекото на хрватските компании Дукат и Виндија, коешто се продава во продавниците во Црна Гора, не е пронајдено зголемено присуство на афлатоксинот М1, соопшти Управата за инспекциска контрола во Подгорица.

Според инспекциските наоди, во хрватското млеко постоеле спорните супстанции, но во дозволени количини, па затоа млекото повторно ќе се врати на полиците во маркетите.

“Врз основа на лабораториските анализи изработени во Центарот за екотоксиколошки испитувања, констатирано е дека не е пронајдено зголемено присуство на афлатоксин во млекото, па може да се каже дека производите на црногорскиот пазар се здравствено безбедни”, изјави помошник директорот на Управата, Спасо Поповиќ, пренесуваат црногорските медиуми.