Црна Гора годинава ќе приватизира 13 компании

32

montenegro-airlines1Советот за приватизација и капитални проекти вчера го утврди предлог планот за приватизација за тековната година, со кој е предвидена тендерска продажба на 13 компании во државна сопственост, како и валоризација на повеќе локации преку примена на моделот на приватно – јавно партнерство.

Меѓу компаниите кои ќе се приватизираат преку тендер се Монтенегро ерлајнс, Јадранско бродоградилиште, Нов тутунски комбинат, Монтекарго, Будванска ривиера, Улцињска ривиера и Институтот за црна металургија.

Советот предлог одлуката за планот за приватизација за 2014 година го упатил до владата на Црна Гора на разгледување и усвојување, јавуваат медиумите.