Црна Гора: Инфлација до 6,5%

31

Централната банка на Црна Гора очекува стапката на инфлација оваа година да достигне 6,5%. Тоа, како што е соопштено, е под стапката на инфлација во повеќето земји во регионот, но над стапката во земјите од еврозоната.

Нивото на инфлацијата во трите квартали од оваа година е последица на административното зголемување на цената на електричната енергија, увезената инфлација и зголемувањето на акцизите, констатирано е на седницата на Советот на ЦБ.

Советот оцени дека финансискиот систем е стабилен, а нивото на системски ризик е умерено.

Во октомври, во банкарскиот систем е евидентиран пад на активите, кредитите, вкупните депозити кај банките, но и раст на кредитите кои доцнат со отплата преку 30 дена.