Црна Гора ќе воведува економски амбасадори следната година

24

globe--300x168Црногорското министерство за надворешни работи и предложи на Владата од следната година да воспостави институт за економски амбасадори кои ќе работат на економска промоција на Црна Гора на меѓународен план.

Како што се наведува, економските амбасадори ќе бидат од редот на угледни црногорски државјани и инвеститори кои живеат во земјата и странство, пишува Побједа.

“За неколку приоритетни пазари во дипломатските претставништва, во соработка со други државни институции ќе одредиме претставници кои ќе се занимаваат со економска дипломатија. Ќе се воспостави поблиска соработка со конзулите во странство”, се наведува во информацијата на Владата.