Црна Гора не го сака McDonald’s

100

mcdonaldsРестораните за брза храна на ланецот McDonald’s не е пожелен баш секаде во светот. Неколку земји, меѓу кои и Црна Гора, одлучиле да му се спротивстават на овој популарен бренд и да му кажат “не”, пишува американскиот The Daily Meal.

“McDonald’s можете да го најдете близу затворот Гвантанамо, среде пустина во Израел, пред музејот на комунизмот во Прага, но има одреден број на земји, главно во Африка и централна Азија каде не е присутен”, стои во сторијата со наслов Десет земји кои го забранија McDonald’s.

Во текстот пишува дека Црна Гора и се спротивставила на глобализацијата, односно на големите глобални брендови, не дозволувајќи им да доминираат на пазарот. Магазинот потсетува дека пред повеќе од 10 години McDonald’s беше присутен во Подгорица во текот на летото, со мал мобилен ресторан.

Во текстот пишува и дека овој бренд бил присутен 16 години во Македонија, а потоа челниците на компанијата со европско седиште и македонската компанија што ја имаше франшизата ги вкрстиле копјата и договорот бил раскинат, со што се затворени сите седум ресторани во земјата, најмногу во Скопје.

McDonald’s нема ниту на Исланд, Северна Кореја, Боливија, Гана, Зимбабве, Јемен, Казахстан и Бермудските острови.