Црна Гора нема меѓународно препознатлив вински бренд

42

vinoЦрна Гора има потенцијал, но скоро и да нема меѓународно препознатлив бренд кој ќе ја олесни продажбата и ќе создаде можност за постигнување подобри цени и остварување поголем профит, оценето е на тркалезната маса одржана во рамките на Саемот на храна во Будва, пишува Вијести.

На тркалезната маса Како да се продаваат црногорските вина учествуваа студенти од економскиот факултет во Подгорица.

“Студентите со луѓето од бизнисот разговараа за потенцијалите на Црна Гора за креирање меѓународно конкурентни производи и одлучија да се впуштат во подетална разработка на темата за локалните црногорски вина”, стои во сооптението на Економскиот факултет.

Студентите разговарале за развој на бренд, неговото значење за потрошувачите и произведувачите, анализа на конкуренцијата, како и за значењето на саемите за промоција на вината. Тие констатирале дека брендот не настанува сам од себе, туку се создава, за што е потребно време и инвестиции.

“Бренд подразбира дека она што се нуди на пазарот е единствено и различно во однос на останатите производи. Истовремено брендот им дава до знаење на потрошувачите што купуваат и што добиваат”, се наведува во соопштението, пишува весникот.