Croatia Airlines доби скоро 80 милиони евра државна помош

32

Хрватската влада одобри финансиска поддршка на Croatia Airlines во износ од скоро 80 милиони евра.

Од вкупниот износ, 46,5 милиони евра се за докапитализација на хрватскиот национален авиопревозник, а 33,2 милиони евра за сопственички заем, пренесува агенцијата Хина.

Во рамки на привремената рамка на Европската комисија со којашто на земјите членки им се овозможува дополнителна помош на економијата поради пандемијата, на Croatia Airlines ѝ се одобрува државна поддршка во рамки на зголемување на основниот капитал и заем на акционерите, со цел решавање на проблемите со ликвидноста и закрепнување на капиталот.

Croatia Airlines има пад на прометот од 65 до 90% во однос на 2019-та година, а средствата ќе бидат обезбедени со ребалансот на буџетот.

Фото: Facebook