Croatia Airlines ја шири флотата и покрај пандемијата

51

Croatia Airlines, единствениот авиопревозник на просторот на поранешна Југославија којшто одржува распоред на комерцијални летови, најави дека ќе ја шири својата флота.

Поточно, компанијата очекува да добие авион Airbus A319, регистриран како 9A-CTN стар осум години. Прво го користеше Германија, а потоа се користел од HiFly Малта. Гаражиран е од ноември минатата година.

Овој авион има капацитет за седење за 150 патници, а набавката беше договорена пред да се појави вирусот. Авиокомпанијата ќе го има овој авион во сопственост во наредните осум години.

Croatia Airlines, исто тaка, планира да пушти две нов рути на лето од Загреб до Софија и Подгорица, пренесува Exyuaviation.

Оваа авиокомпанија ја продолжува својата ограничена работа иако коронавирусот се шири во Европа. Поголемиот дел од нивната флота сè уште е во употреба. Сепак, компанијата неодамна соопшти дека побарувачката за резервации опадна драстично.

Фото: Pixabay