Croatia Airlines откажува над 80 летови во септември

57

Хрватскиот авиопревозник, Croatia Airlines откажа 80 летови во период од први до 21-ви септември оваа година на меѓународни линии од Загреб, Сплит и Дубровник, пишува Croatia Aviation.

Летовите на линиите од 21-ви септември сè уште не се разгледани, па се очекува и понатамошно откажување.

Croatia Airlines, како што се наведува, веќе го објави својот ред на летање за септември оваа година, според којшто компанијата ќе продолжи да лета кон ист број дестинации како и во август, но скоро на сите линии има откажувања.

Авиокомпаниите во Хрватска го ревидираат редот на летање две до три недели однапред.

Фото: Facebook