По завршениот процес на преструктуирање, хрватскиот национален превозник Croatia Airlines планира отворање на повеќе бази во регионот и купување на шест нови авиони, пишува Јутарњи лист.
“Планот е да се задржи силната регионална позиција и преку отворање на бази во регионот, за што е потребна набавка на нови авиони. За тоа се водат разговори и во тек се опсежни подготовки“, вели претседателот на управата на Croatia Airlines, Крешимир Кучко.
Тој најави отворање на бази во Сараево, Скопје, Приштина и Тирана. Овие градови, според најавите, ќе бидат поврзани најмногу со дестинации во Европската унија.