Croatia Airlines подготвен за приватизација

16

Фото: Facebook

Хрватскиот национален авиопревозник, Croatia Airlines е подготвен за приватизација, а постојат и заинтересирани партнери кои би склучиле стратешко партнерство, пишува Пословни дневник.

Се очекува на седница на хрватската влада да биде донесена одлука за Комисија што ќе ја следи постапката за избор на стратешки партнер на националниот авиопревозник.

Во завршна фаза е и конкурсот за финансиски советник што треба да изработи модел за докапитализација на Croatia Airlines и да се пронајде соодветен стратешки партнер.

Со одлука на хрватската влада од четврти јануари лани, Croatia Airlines е вратен на листата компании од стратешки и посебен интерес. На 26-ти април минатата година, владата ја усвои Националната програма за реформи за 2018 година, во која како цел за Croatia Airlines се наведува развој и зајакнување на конкурентската предност и позиција на пазарот преку квалитетно стратешко партнерство.