Најтенкиот рачен часовник во светот

19

Компанијата Central Standard Timing од Чикаго е во потрага по финански средства, за да го пушти својот прототип на CST-01 – најтенкиот рачен часовник во светот во производство.

CST_01-watch-MobiHubby

Тенок колку една кредитна картичка 0.8mm, CST-01 има е-ink екран што со само 10 минутно полнење може да работи еден месец. Со цел часовникот да биде што е можно потенок, истиот не содржи копчиња или рачки. Полнењето и местењето на времето го прави самата база.

CST-01 е составен од ламинирани тенки, еластични делови кои заедно прават едно парче изгравиран еластичен рачен часовник од нерѓосувачки челик.

Часовникот работи на THINERGY® Micro-Energy Cell (MEC), револуционерен, обновлив, тенок извор на микро-енергија од Infinite Power Solutions, Inc.