Да има за сите – британски супермаркети ограничуваат продажба на некои производи

72

Британските ланци на супермаркети, Tesco и Morrisons започнаа да ја ограничуваат продажбата на некои производи, како што е тоалетна хартија, од страв дека построгите мерки повторно ќе предизвикаат паника меѓу потрошувачите, пишува Business Insider.

Откако премиерот Борис Џонсон објави построги мерки против ширење на коронавирусот, некои потрошувачи повторно почнаа да складираат некои основни производи.

Супермаркетите ја ограничија продажбата на одредени производи за време на пандемија и Morrison стана првиот супермаркет што повторно ги воведе овие мерки, oткако во четвртокот ја ограничи продажбата на три производи по клиент.

Тука спaѓаат тестенини, супа, средство за дезинфекција на рацете, како и тоалетна хартија и кујнски бришач.

“Нашата залиха на овие производи е добра, но сакаме да ја направиме достапна за секого“, изјави портпаролот на Моrrison.

Фото: Freepik