Во согласност со најавите, Dacia го менува логото. Романската компанија го менува стилот на буквите со кои се испишува името на компанијата, а паралелно се воведува и ново лого.
Ова е уште еден чекор во согласност со новата деловна стратегија поставена на почетокот на годината, со која радикално се менуваат брендот и нејзините производи. Добрата вест е што Dacia најавува дека ќе останат верни на своите корени, што ги дефинираат како едноставност, автентичност и робусност по фер цена.
Натписот на марката и самиот амблем ги дизајнирал домашен дизајнерски тим и со него сакаат да ја истакнат стабилноста и робусноста.
Во името, буквите D и C се создаваат со пресликување на една со друга, додека геометриската форма на буквите означува механички движења.
Во амблемот, буквите D и C се поврзани како верижни врски, што дополнително ја истакнува робусноста на возилото Dacia.
Фото: Facebook