Dacia со рекордна продажба во Германија

32

Романскиот производител на автомобили, Dacia, во мај годинава го оствари својот најдобар резултат на германскиот пазар досега, пишува Romania Insider.  Компанијата успеа да постигне 2.5% удел на пазарот со што го надмина дури и јапонскиот гигант Toyota – еден од најголемите светски производители.

Германија го има најголемиот пазар на автомобили во Европа, и воедно е еден од најголемите кадешто Dacia ги пласира своите производи. Романската компанија во мај годинава продаде 7.515 автомобили во Германија, што претставува пораст од 10,7% споредено со мај 2017. Така, Dacia успеа да ја помине и популарната Toyota, кој за истиов период продаде 7.228 возила.

Во првите пет месеци од годината  Dacia продаде вкупно 31.200 автомобили во Германија, што претставува зголемување на продажбата од 20% и со тоа си осигура над 2% удел на висококонкурентниот автомобилски пазар.

Инаку најголемиот пазар за автомобили во Европа, германскиот, годинава оствари раст од 2.6% севкупно, и покрај малиот пад изминатиов месец од 5,8%.

Фото: Pixabay