Daimler се согласи на Nokia да ѝ плати за користење на патенти

53

Daimler се согласи на Nokia да ѝ плати за користење на нејзините патенти, со што е окончана правната битка меѓу финската технолошка и германската автомобилска компанија поради тантиема за клучни технологии.

Nokia, којашто секоја година има 1,4 милијарди евра приходи од лиценци, со производителот на автомобили, Daimler во последните години се тужи по германските судови со мешани резултати. Но, двете компании соопштиле дека постигнале договор околу лиценцирање на патенти и дека ќе ги запрат парниците.

Според договорот, Nokia му дава на Daimler лиценца за мобилна телекомуникациска технологија и за возврат ќе прими надоместок.

Германскиот производител на автомобили досега на Nokia не ѝ платиле за користење на нејзините патенти. Audi, Bentley, BMW, Mini, Porsche, Rolls Royce, Seat, Skoda, Volkswagen и Volvo веќе ѝ плаќаат на Nokia за патент.

Финската технолошка компанија сака производителите на автомобили да ѝ плаќаат тантиеми за технологии што се користат во системите за навигација, комуникација на возилата и самоуправувачките автомобили, додека автомобилските компании сметаат дека нивните добавувачи би требало да плаќаат наместо нив, а тоа би можело да ги намали надоместоците за носителите на патенти.

Фото: Pexels