Daimler си ја зголеми добивката благодарение на Кина

71

Растечката кинеска побарувачка за автомобилите Mercedes Benz и повисоките цени ја зголемија добивката на германскиот производител Daimler во првото тримесечје од оваа година.

Прилагодената добивка за првите три месеци од оваа година достигна пет милијарди евра, од 719 милиони евра на крајот на првиот квартал во 2020 година, кога резултатите беа потиснати од пандемијата.

Во првите три месеци од 2019 година, добивката на Daimler беше 2,3 милијарди евра.

Компанијата во период од јануари до март оваа година во Кина продала 220.529 возила Mercedes Benz, што е за 60% повеќе во однос на истиот период лани. Во Европа се продадени 192.302 возила, што е само 1,8% повеќе во споредба со 2020 година.

Продажбата во Кина го одразува силното закрепнување на економијата, што за три месеци достигна 18,3%.

Фото: Pexels