Европските производители на камиони и автобуси Daimler Truck, Volvo и подружницата на Volkswagen, Traton, објавија дека до 2027-ма година планираат во Европа да постават 1.700 полначи за своите електрични возила.
Компаниите следната година ќе основаат заедничка компанија со седиште во Амстердам во којашто ќе вложат 500 милиони евра.
“Заедничка цел на европските производители на камиони е да постигнат климатска неутралност до 2050 година“, рекол Мартин Даум, извршен директор на Daimler.
“Но, клучно е воведувањето на CO2 неутрални камиони да го следат градењето на соодветната инфраструктура“, додава тој.
Полначите ќе нудат струја од обновливи извори, а ќе бидат поставени покрај автопатишта и во логистички центри и пунктови за истовар.
Фото: Pexels