Дали би ги купиле органските производи на Опра Винфри?

36

Познатата водителка и бизнисменка Опра Винфри долги години успешно продаваше рaзлични производи од многу компании во своето ток шоу. Почнувајќи од книги, па се нови автомобили, кои таа им ги подари на 275-те присутни гледачи во студиото додека траеше шоуто. Но, што е со нејзините производи?

Кога станува збор за органска храна, Опра има брендирано и планира да лансира производи под имињата “Oпра Органик”, “Oпра Харвест” и “ Опра Фарм”. Еве што се би се нашло тука:

Храна:

Органски оцет за салата, органски сосови, органски пијалоци, замрзнат органски зеленчук, органски супи. Останати прехрамбени прозводи и пијалоци како и земјоделски и кетеринг услуги.

Производи за убавина:

Сапуни, гелови за туширање, масла, пенливи купки и морска сол за туширање, масла за масажа, препаративна козметика за лице и тело, како тоници за чистење, навлажнувачи, креми, лосиони, масла, ексфолијанти и маски за лице. Понатаму, балзами за усни, креми за сончање, лосиони за раце, производи за коса, како што се шампони, балзами, лак за коса, гел за коса и масла за нега на коса.

Кралицата на ток шоуата, која што вреди 2,7 милијарди долари, пред 10 години започнала да купува земја во Хаваи и веќе поседува неколку парцели земја во Хана, заедно со нејзиниот некогашен личен тренер Боб Грин. Според портпаролот на Винфри, овие брендирани производи ќе произлезат од фармата на Опра во Мауи, со цел да се овозможи нивно производство и дистрибуција како во Мауи така и низ целиот Хавајски остров.

Сепак не се знае со сигурност дека Опра ќе започне со производство на секој од гореспоменатите производи, од замрзнат зеленчук, до балсам за уста. Американските експерти тврдат дека доколку започне со производство, името на Опра Винфри ќе си го направи своето, луѓето ќе сакаат да видат за што станува збор и на почетокот продажбата ќе оди одлично, но само доколку е со добар квалитет.