Плексигласот бележи голема популарност во време на пандемија благодарение на масовното подигнување на заштитни прегради секаде каде е потребно. Најчесто како преграда се користи во продавници, банки, пошти, кризни штабови, а неговата употреба ќе најде примена и на многу други места за борба против вирусот.
Преградите од плексиглас се пропишани како дел од задолжителните епидемиолошки мерки во многу услужни и трговски дејности, ако сакаат да продолжат да работат, пишува Slobodna Dalmacija.
На пазарот се нудат заштитни прегради од плексиглас за раздвојување на масите во ресторани и кафулиња, фризерски салони, во внатрешноста на авионите за разделување на седишта, вагони, метроа, автобуси, па дури и паравани за раздвојување на плажи…
Најквалитетен е германскиот плексиглас, а големи европски производители се Шпанија и Италија. По недостатокот на заштитни маски во првата фаза од епидемијата, сега кога многу земји се подготвуваат за постепено враќање во нормала, плексигласот стана недостапен и баран материјал.
Фото: Facebook