Како ќе изгледа седењето во авион

214

Италијанската компанија Avio Interiors, понуди два концепта за седење во авион коишто би можеле да ја решат потребата за социјална дистанца. Дизајнот се состои од проѕирни препреки што ги разделуваат сите седишта.

Материјалот ќе им помогне на патниците да го одбегнат или минимизираат контактот со другите патници, а со тоа се намалуваат и шансите за пренесување вируси.

Првиот концепт Glassafe е едноставен, со заштитна бариера помеѓу патниците којшто се поставува на постоечкиот концепт на седење и веројатно би пружал доволно заштита при седење во авионот.

Другиот модел е Janus концепт за којшто од Avio Interiors велат дека името го добил од римскиот бог со две лица, па така и седиштата во авионот се поставени. Првото седиште и седиштето покрај прозор се на една страна поставени, додека средното седиште е поставено спротивно.

Седиштето од сите три страни е поставено со проѕирен материјал што ги изолира патниците и создава заштитна бариера од евентуално пренесување на микроорганизми меѓу патниците.

Фото: Avio Interiors