Дали е подобро работниот ден да започнува подоцна?

23

casovnik

Фото: Pexels

Недостатокот од сон лошо влијае на нашето психо-физичко здравје, особено ако нè чекаат еден тон обврски на работа, на факултет или на училиште, пишува The Guardian.

Според доктор Пол Кели, истражувач од универзитетот во Оксфорд, оние кои ги започнуваат работните обврски рано се поподложни на болести, стрес и истоштеност.

Ова во голема мера се должи на фактот дека пред да достигнеме старост од 55 години, нашиот био-систем не се совпаѓа со традиционалното време на работните часови. Истото важи и за учениците и студентите.

Како што објаснува докторот, децата на десет годишна возраст билошкиот часовник ги буди околу 6:30, кај постарите основци и средношколци тоа време е после 8:00, додека пак студентите се подготвени за почеток на денот околу 9:00.

Така утринското станување пред седум часот одговора само за биолошкиот часовник на десет годишните ученици и лицата над 55 години, додека кај останатите будењето рано наутро не се совпаѓа со нивниот био-ритам, односно природниот начин на будење.

Доколку би се одложиле обврските за час, два, три – соодветно на возраста, промената поволно ќе влијае и на продуктивноста и на здравјето кај луѓето.

Според Кели, поволно време за започнување на работниот ден кај возрасните е 10 часот, кај постарите основци и средношколци девет, додека кај студентите 11 часот.

Природниот часовник е тој што треба да се следи ако сакаме да го избегнеме стресот, истоштеноста и намалениот перформанс на работа, факултет и училиште. Со тоа ќе добиеме една поздрава, посреќна и поодморена популација која нема да се мурти кога наутро ќе ја разбуди будилникот.

Дали се согласувате со доктор Кели?