Дали е вистинско време за инвестирање во злато

59

Трендот на пораст на цените на златото ќе продолжи и есенва поради пандемијата Ковид-19, тврдат експертите.

Во еден момент оваа година, цената на златото “скокна“ за повеќе од 30%, а во август изнесуваше 2.070 долари по унца. Според аналитичарите од повеќето инвестициски банки, трендот на пораст на цените на златото ќе продолжи, бидејќи постои реална можност Европа да се најде под нов удар од коронавирус.

Тука се и претстојните претседателски избори во САД, кои во минатото веќе предизвикаа изразени осцилации на пазарите, што може да ја зголеми побарувачката за злато. Тензиите меѓу САД и Кина, исто така, може да ја зголемат цената на златото. Банките се убедени дека ќе следи дополнителна “златна“ експанзија.

Goldman Sachs предвидува дека златото оваа година повторно ќе надмине 2.000 долари и дека наскоро ќе достигне 2.300 долари. JP Morgan ја има истата прогноза. Најновата прогноза што ја објави Societe Generale, предвидува просечна цена на златото од 2.200 долари во првиот квартал од следната година, пренесува Bloomberg.

Фото: Pixabay