Дали Германија ќе го укине олеснетото вработување на работници од Балканот?

172

Предлогот на германската десничарска екстремистичка партија АФД за укинување на Правилото за Западен Балкан за внесување неквалификувана работна сила во Германија предизвика отпор од сите други парламентарни фракции во Бундестагот, кои едногласно објавија дека ќе го отфрлат предлогот.

АФД сака да се укине ова правило за да можат германските работници да ја добијат работата, како и да се запре праксата лошо платените балкански работници да ги намалуваат платите во ниско платените сектори во германската економија.

Волфганг Штренгман Кун, пратеник од Зелените, рече дека предлогот на АФД е мешавина од незнаење на економијата и нетолеранција кон странците, пишува Независне новине.

Макс Штраубигер, пратеник на баварскиот ЦСУ, рече дека предлогот на АФД е бесмислен бидејќи не е усвоен затоа што го барале работници од Балканот, туку германски работодавци и потсети дека предноста ја имаат домашните и европските работници.

“Би било одлично ако прво го прочитате правилото. Работните места ги добиваат работници од Западен Балкан кои се плаќаат во согласност со платата предвидена за таа одредена гранка. Тоа значи дека на 45-годишен работник од Балканот, вработен во согласност со својата професија, мора да му се исплатат 3.905 евра бруто, а не како што велите дека Балканците ги намалуваат платите на германските работници “, рече тој.
Во следната парламентарна фаза, овој предлог ќе го дискутираат комисиите, а потоа ќе биде ставен на последно гласање.

Фото: Freepik