Дали Google одлучи да ги “згужва“ факултетските дипломи засекогаш?

221

Google неодамна објави вест што може од корен да ја промени иднината на работата и високото образование. Технолошкиот гигант започнува професионални курсеви преку кои целосно ќе ги обучи студентите за работа на бараните ИТ работни места за само шест месеци.

Преку овие курсеви, кои компанијата ги нарекува Google Career Certificate, се учат основни вештини кои ќе им помогнат на луѓето веднаш да најдат работа и се дизајнирани да завршат за околу шест месеци.

“Факултетите се недостапни за многу Американци и не мора да имате факултетска диплома за да имате економска сигурност. Потребни ни се нови, достапни решенија за обука за работа за да и помогнеме на Америка да се опорави и да се обнови. Кога ќе вработуваме кај нас, ќе ги третираме овие нови сертификати  еквивалентно на четиригодишна диплома за сродни занимања“, пишува Кент Вокер, потпретседател за глобални работи во Google.

Google не прецизираше колку точно ќе чинат новите курсеви, но слична програма што ја нуди компанијата на платформата за учење преку интернет, (сертификат за професионална ИТ поддршка на Google), чини 49 долари месечно. По таа цена, шестмесечен курс би чинел нешто помалку од 300 долари. Покрај тоа, Google соопшти дека ќе финансира 100.000 стипендии врз основа на потребите. Овој потег на компанијата има голем потенцијал да ја промени иднината на образованието и работата, пишува My Tech Decisions.

Фото: Pixabay